X
 15.10.2019 Живот

За еден ден заработил 5 милијарди евра

Бернард Арно, претседател и извршен директор на ЛВМХ, куќата која стои зад 75 луксузни брендови, вклучително и Диор, Луј Витон и Хенеси, во еден ден заработил 5,1 милијарди долари.

Откако во средата беше објавено дека продажбата на ЛВМХ пораснала за 17 отсто, акциите на компанијата скокнаа за 5,6 отсто и богатството на Арно скокна на 99 милијарди долари.

Инаку, Арно во април стана третиот најбогат човек на светот кога богатството му се зголеми над магичната бројка од 100 милијарди долари. Пред него се Бил Гејтс со 105 милијарди и Џеф Безос со 107 милијарди долари.

Според „Форбс“, парискиот конгломерат најголемиот раст на продажбата го забележал во Азија, поточно во Хонгконг, и покрај протестите. Во последниот квартал продажбата пораснала за 12 отсто и тоа претежно на козметиката. Од компанијата велат дека тоа може да се припише на неодамна отворените продавници на „Сефора“ во Хонгконг.

- Лансирањето на производите сега мора да биде глобално за да бидеме успешни. Тоа бара и поголеми вложувања. Она што ЛВМХ го прави најдобро е создавањето пожелни нови производи и нивна продажба низ светот - истакна Арно за „Форбс“ во 2017 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот