X
 15.12.2020 Живот

Парите од „Купувам домашно“ граѓаните ќе можат да ги трошат и по 25 декември

Владата на Република Македонија информира дека околу 300.000 граѓани што ќе добијат 6.000 денари ќе можат да ги користат и по првично предвидениот рок - 25 декември 2020 година.

- Тоа се пари на и за граѓаните на кои им е потребна поддршка и ќе може да се користат непречено веднаш по уплатата на сметка. Препораката за искористување на средствата до 25 декември останува со цел до крајот на годината да се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период, да се купуваат македонски производи и на тој начин да се дејствува врз раздвижување на економската активност - се наведува во соопштението.

Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица што вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка, која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постојната трансакциска сметка на граѓаните, предвидени се 27,5 милиони евра.

Од Владата информираат дека се очекува страницата kupuvamdomasno.gov.mk да биде ажурирана до крајот на неделата за граѓаните да може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот