X
 12.01.2016 Живот

Eucerin AtopiControl - колекција за нега на сува и раздразнета кожа



Сувата кожа е проблем што го имаат многумина. Кај дел од луѓето се појавува и атопичен дерматитис кој се манифестира како црвенило и воспаление на кожата.Се проценува дека околу 15 до 20 проценти од населението е склоно кон развивање на ваквата состојба на кожата. Тоа е последица како на надворешни (егзогени), така и на внатрешни (ендогени) фактори. Уште полошо е што ваквата појава делува негативно на психата,а луѓето со атопичен дерматитис се чувствуваат непривлечни и се затвораат во себе.

Сувата и раздразнета кожа налага специфична нега и хигиена, децидни се стручњаците. При секојдневното чистење и нега на ваквата кожа, според дерматолзоите, од особена важност е постигнувањето на нејзина оптимална рехидратација и поттикнувањето на регенеративниот процес на нарушената липидна кожна бариера. Токму затоа, сувата и воспалена кожа треба да се измиваат само кога е потребно, а на лицата со ваква кожа им се препорачува да внимаваат при туширањето и да внимаваат во употребата на најразлични козметички производи кои уште повеќе ја влошуваат состојбата со кожата.



Eucerin AtopiControl колекцијата се состои од внимателно одбрани козметички производи кои се грижат за сувата и чувствителна кожа, како и за атопичната кожа во текот на неактивните фази, и кога се појавуваат црвенила. За секој од овие производи е клинички и дерматолошки докажано дека помага при намалување на сувоста на кожата и развојот на воспалението, истовремено ублажувајќи го чешањето.

Основните лосиони и креми за тело содржат комбинација од омега- 6 масни киселини и ликофалкон А, анти бактериски деканедиол и Menthoxypropanediol , кои помагаат за пополнување на кожата , ја обновуваат нејзината природна бариера, правејќи ја повеќе еластична. Истовремено Eucerin AtopiControl интензивно ја хидрира кожата, помага да се намали грубоста , оптегнатоста на кожата и чешањето, симптоми поврзани со атопичната кожа.

Производите за активна нега ја вклучуваат и Eucerin AtopiControl кремата за Акутна нега.

Нејзините сосотојки значително помагаат да се подобри изгледот на кожата за време на фазите на воспаленија и да се намали времетраењето на терапијата со хидрокортизонот за време на воспаленија. Eucerin AtopiControl кремот за акутна нега не е фармацевтски производ и не е замислен да да замени некој друг производ. Oвие производи се компатибилни со атопичната кожа.

Производите Eucerin AtopiControl не содржат бои и парфеми, кои дополнително ја дразнат кожата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот