Eucerin DermatoCLEAN
Нега која овозможува кожата да дише
Тешко дека може да се најде друг начин што ни дава чувство на свежина и опуштеност, како што е длабокото вдишување на чист воздух. Колку подлабоко вдишуваме, толку повеќе кислород внесуваме во нашите клетки и изгледаме посвежо и порелаксирано.
Но, постои и втор, речиси незабележлив начин на внесување на кислород, а тоа е преку нашата кожа. Студиите покажуваат дека атмосферскиот кислород е значаен снабдувач со кислород во површинските клетки на кожата, додека транспортот на кислород преку крвта има само мало значење. Токму затоа е исклучително важно да се користи медицинска козметика која овозможува ефикасно чистење на кожата на лицето, овозможувајќи и слободно да дише. Токму тоа го овозможува иновативна линија за чистење на лицето Eucerin DermatoCLEAN производи кои нежно, темелно и длабински ја чистат кожата на лицето, овозможувајќи и притоа слободно да дише.
Наутро ги отстрануваат остатоците и вишоците на кожата создадени во текот на ноќта, како себумот и потта, додека навечер помага ефикасно да се отстранат нечистотиите и шминката. Чистењето на лицето е важен дел од рутинската дневна нега, подеднакво важно како и користењето на кремите. Чистењето на кожата со Eucerin DermatoCLEAN ги поттикнува регенеративните процеси, обезбедува оптимална хидратација, и ја подготвува кожата. Колекцијата Eucerin DermatoCLEAN има висока дерматолошка вредност, производите се клинички тестирани, не содржат алкохол и други вештачки додатоци и се особено погодни за осетлива кожа.
Колекцијата вклучува млеко за чистење- DermatoCLEAN Mild Cleansing Milk, тоник за чистење-Clarifying toner, гел за измивање Cleansing gel, отстранувач на шминка-Waterproof Eye Make-up remover и флуид DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid кој комбинира три производи во еден. Го чисти лицето како гел, освежува како тоник и нежно и ефективно ја отстранува шминката.