Повеќето од нас имаат нејасен, апстрактен концепт за животот под вода. Но, неколку луѓе се посветија на тоа тајните под вода да ни ги претстават во најдобро можно светло. И како што покажува натпреварот „Ocean Art photography 2015“, тие завршиле спектакуларна работа.
„Ocean Art“ е еден од најпрестижните подводни фото натпревари во светот. Организиран од страна на Водичот за подводна фотографија и оценет од панел на експерти, оваа година беа доделени над 70.000 долари во награди и поделени на 75 фотографи за победничките фотографии во неколку категории кои вклучуваат сликање од широк агол, макро фотографија и DSLR. Од ракови до јагули, преку воодушевувачкиот октопод, фотографиите се исто толку различни и убави како морскиот екосистем кој покрива 70% од нашата планета. Пораката која ја испраќа натпреварот е дека и покрај нашата технологија и можноста да се истражуваат далечните светови, океаните се`уште остануваат надреално, неверојатно и туѓо место.
Ова се некои од најдобрите фотографии на натпреварот.
ГАЛЕРИЈА