X
 06.07.2022 Култура

Колоризирани фотографии што го прикажуваат уличниот живот во Лондон во текот на 19 век

Колоризацијата на стари фотографии е тема на дискусија меѓу историчарите и фотографите. Некои ја сакаат оваа техника, некои не, но се чини дека никој не останува рамнодушен.

Фотографиите во боја се одлични кога се направени со голема вештина. Секако, ова му успеа на фотографот Том Маршал од „Фотографикс“.

Неговиот последен проект е уличниот живот на Лондон во 19 век: збир на фотографии направени во средината на 70-тите години на 19 век. Том внимателно ги колозиризал, давајќи им нова димензија и правејќи ги да изгледаат како сцени од романите на Чарлс Дикенс.

Фотографиите се дело на шкотскиот фотограф Џон Томсон, кој ги овековечил дневниот труд и борбата на луѓето на улица во Лондон. Тој работел со радикалниот новинар Адолф Смит за да го направи месечното списание „Уличен живот во Лондон“ кое се издавало од 1876 до 1877 година. Според Том, овие фотографии се она што ги поставило темелите на модерното фоторепортерство.

Луѓето што ги гледате на овие фотографии се најсиромашните во Лондон во викторијанската ера. Смит не само што ги фотографирал туку и ги интервјуирал. Во 1878 година Томсон и Смит објавиле книга од која Том ги зел фотографиите за да ги колоризира.

- Верувам дека обоените фотографии ѝ овозможуваат на модерната публика подобро да се вклучи во темата, особено во време кога гледаме илјадници фотографии секој ден - вели Том.

- Бојата ги покажува скриените детали на овие стари фотографии кои често се губат во црното и белото и предизвикува гледачот да паузира и да погледне. Ова не значи дека оригиналните стари фотографии не се фасцинантни сами по себе, но верувам дека додавањето боја и одредена реставрација помага да се подобрат сцените од викторијанска Англија и го принудуваат гледачот да поминува повеќе време гледајќи во нив - додава тој.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Diyphotography
Фото: Photograpfix/Tom Marshall
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура