Истражувачите за вештачка интелигенција во „Google deep mind“ слават откако постигнаа голем напредок кој се обидуваат да го постигнат многумина повеќе од 20 години.
Тимот научил компјутерска програма да ја игра древната кинеска игра Го, која долго време се смета за една од најтешките игри за вештачката интелигенција да ја научи. Освен тоа што програмата знае да ја игра играта, таа е и многу добра во неа.
Компјутерската програма „Alpha go“ била направена од „Google deep mind“ специјално за да ги победува професионалните играчи во играта. Групата го предизвикала трикратниот европски шампион во Го, Фан Хуи, на повеќе мечови и за првпат досега, програмата го победила играчот во сите пет одиграни игри.
Интересно, само еден ден претходно, извршниот директор на „Facebook“, Марк Закерберг, напиша јавна објава во која изјавува дека тимот за вештачка интелигенција во компанијата е „близу“ до постигнување на истата работа. Конкуренцијата на „Alpha go“ од „Facebook“ е наречена „Darkforest“.
The ancient Chinese game of Go is one of the last games where the best human players can still beat the best artificial intelligence players. Last year, the Facebook AI Research team started creating an AI that can learn to play Go.Scientists have been trying to teach computers to win at Go for 20 years. We're getting close, and in the past six months we've built an AI that can make moves in as fast as 0.1 seconds and still be as good as previous systems that took years to build. Our AI combines a search-based approach that models every possible move as the game progresses along with a pattern matching system built by our computer vision team.The researcher who works on this, Yuandong Tian, sits about 20 feet from my desk. I love having our AI team right near me so I can learn from what they're working on.You can learn more about this research here: http://arxiv.org/abs/1511.06410
Posted by Mark Zuckerberg on Tuesday, January 26, 2016