Вештачката интелигенција им помага на докторите да им постават дијагноза на пациентите, на пилотите да управуваат со авионот и многу повеќе.
Без разлика која ѝ е намената на вештачката интелигенција, луѓето што стојат зад програмите веројатно не би можеле прецизно да ви објаснат како работат нивните уреди бидејќи вештачката интелигенција самата учи и се надградува. Таа користи едноставни насоки за да создаде комплицирани стратегии и правила со кои работи.
Во видео од „Тед-ед“ се објаснува како учи вештачката интелигенција. Меѓу другото, се објаснува дека вештачката интелигенција може да работи на повеќе начини, но сите се засноваат на три основни вида машинско учење.
Во некои од овие методи машините учат целосно сами, додека во други професионалци работат со програмите во процесот. Меѓутоа, колку посамостојни стануваат овие програми, толку е потешко за луѓето да одредат како овие алгоритми стигнуваат до решението, а во овој процес луѓето треба да ги научат машините и да работат етички.
Повеќе за начинот на учење на вештачката интелигенција дознајте во видеото во продолжение.
Извор:
TED-Еd
Фото: Pixabay