Структурата и функционирањето на човековиот организам воопшто не се предвидливи, а некои појави се невообичаени дури и за експертите кои најмногу го познаваат човековото тело. Некои од овие се следниве:
- Новороденчето има повеќе коски отколку возрасните. Тоа има 300 коски, но во текот на растот и развојот се формираат посилни и поголеми коски, така што во зрелоста тие стануваат 206.
- Во организмот на човекот, секоја минута умира 300.000 клетки. Иако звучи шокантно, тоа е помалку од 0,0001% од вкупното количество клетки кои секојдневно се раѓаат во телото.
- Човекот може да живее и без слезина, желудник, еден бубрег, едно белодробно крило, 75% од црниот дроб, 80% од цревата, иако сите овие органи се витални.
- Косата е невозможна за уништување освен ако се запали. Иако изгледа кревко, не може да ја уништи ниту студот, ниту промената на климата и водата, а отпорна е и на многу киселини и хемикалии.
- Човекот може да преживее без храна, но не и без сон. Само на вода, без храна и до два месеци, но ако има неколку неспиени ноќи, последиците се неминовни. Иако рекордот за неспиење изнесува 264 часа, кај поголемиот дел од луѓето тоа носи радикални промени во личноста.
- Синдромот на туѓа рака, која станува непослушна е особено интересен. Се работи за невообичаен невролошки синдром, кадешто раката се однесува како да има сопствен ум. Ваквото однесување е последица од оштетувањето на средниот фронтален моторен регион на мозокот, а може да се јави и како последица од операција на мозокот, мозочен удар или воспаление на мозокот. Личноста нема никаква контрола врз раката.