Канада била колонизирана од Европејците, вклучувајќи ги Французите и Британците уште кон крајот на 15. век и во 1867 година била основана како модерна нација.
Станува збор за просперитетна земја со десетти по големина БДП во светот, делумно поттикнат од нејзините огромни природни ресурси, голема производствена база и енергична индустрија за морска храна.
Денес, Канада е единствената поголема нација во западната хемисфера со парламентарен систем на управување, позајмен од Обединетото Кралство. Земјата е поделена на 10 провинции, со 75 отсто од населението сконцентрирано во Онтарио, Квебек и Британска Колумбија.
Нацијата успеа да напредува благодарение на пријателскиот сосед на југ со кој споделува воени и одбранбени интереси, трговија и туризам.
Ова се неколку интересни факти за оваа земја и нејзината економија.
Канаѓаните имаат втор највисок квалитет на живот во светот
Светскиот економски форум ги рангира земјите според квалитетот на животот користејќи критериуми како пристап до медицинска нега, санитарни услови и засолништа, како и едукација, животен век и лични слободи.
На врвот се земји како Австралија, Швајцарија, Велика Британија и Шведска. Но на второ место, веднаш зад Финска, се наоѓа Канада. Земјата постигна 89,49 поени, додека Финска 90,09.
75 отсто од целиот извоз на Канада оди во САД
САД не само што делат граница со Канада, туку е и најголемиот трговски партнер на земјата. Канада извезува 338 милијарди долари вредна стока во САД, што претставува повеќе од 75 отсто од целиот извоз на државата.
Спротивно на тоа, Канада извезува околу 12,6 милијарди долари вредна стока во Обединетото Кралство и 21,3 милијарди долари вредна стока во Кина.
Канада има 33,2 милијарди долари во природни ресурси
Ако вашата ментална слика за природните ресурси на Канада е ограничена на неколку стада ирваси, тогаш грешите - станува збор за третата најбогата нација на Земјата со природни ресурси.
Канада е трета по големина кога станува збор за резерви на нафта, како и индустрија на минерали. Богата е со минерали како гипс, варовник, јаглен и ураниу,. Исто така, таа е трет по големина извозник на дрв во светот.
Резервите на нафта во Канада може да ги надмине оние на Блискиот исток
Додека резервите на нафта во Канада се официјално трети по големина на глобално ниво, постојат докази дека ова може да е конзервативна проценка. Во 2011 година „Викиликс“ откри дека вистинските резерви на нафта може да се 40 отсто помалку отколку што се тврди.
Канада произведува 71 отсто од јаворовиот сируп во светот
Љубителите на палачинки со јаворов сируп се надеваат дека глобалното затоплување нема да влијае негативно врз јаворовите дрвја во северна Канада. Иако Вермонт е извор за јаворов сируп во САД, не си може со Канада, која произведува 71 отсто од целиот јаворов сируп за целиот свет.
91 отсто од него потекнува од Квебек. Потребни се многу луѓе да се одржува сето тоа, со околу 12.000 работни места посветени на индустријата.
Двојазичноста ја чини Канада околу 2,4 милијарда долари годишно
Благодарение на раната колонијална историја, Канада е двојазична нација со околу 20 отсто од населението, односно 7,2 милиони луѓе кои зборуваат француски - повеќето од нив живеат во Квебек, каде францускиот е официјален јазик.
Во Канада и англиските и француските говорници имаат пристап до државни службеници на јазикот што тие го избираат, со двојазични потписи, форми, реклами.
Истражување од 2012 година откри дека трошоците поврзани со јазиците изнесуваат околу 2,4 милијарди долари.
Канаѓаните плаќаат половина од износот за здравствена заштита што го плаќаат Американците
Споредбата на здравствената заштита помеѓу САД и Канада е спорно политичко прашање, во голем дел затоа што Канада прифаќа еден систем на плаќање, на кој се спротивставуваат многу конзервативци во САД. Канадската здравствена заштита е далеку поевтина од американската, иако е значителна поскапа во просек отколку на југ.
Малопродажната стока често чини повеќе во Канада затоа што Канаѓаните се подготвени да платат повеќе
Канадските потрошувачи одамна забележале дека многу производи како книги, гуми, гас и храна чинат повеќе од истите производи во САД.
Постојат многу причин за тоа. Кога цената е вметната во самиот производ, како книгите на пример, продавачите често избираат повисока цена. Зошто? Затоа што производителите веруваат дека
Канаѓаните ќе платат за повисоки цени, едноставно затоа што Канаѓаните веруваат дека предметите секогаш се поскапи во Канада иако не постои логичка причина за тоа.
Фото: Freepik