Црно-бела фотографија која прикажува како мигрант го префрлува бебето под бодликава жица од Србија во Унгарија ја зеде првата награда на натпреварот „World Press Photo 2015“.
Направена на 28 август од австралискиот фотограф Ворен Ричардсон, овој човек и ова дете биле дел од луѓето кои сакале да преминат во Унгарија пред да се заврши безбедносната ограда.
„Ја погледнавме фотографијата и веднаш знаевме дека е важна. Имаше толкава моќ поради својата едноставност, особено симболиката на бодликавата жица. Знаевме дека го прикажува сето она што им се случува на бегалците. Мислам дека е класична фотографија, и во исто време безвременска“.
Натпреварот се одржува уште од 1995 година. Оваа година 41 фотограф од 21 националности биле наградени во 8 категории.
ГАЛЕРИЈА