„Нешнел Џиографик“ стана синоним за фотографија, при што списанието секогаш ја прикажува извонредната убавина и чудата на нашата планета, така што, природно е нивниот годишен фото-натпревар да е престижен настан. Судиите имаа тешка задача - од илјадници неверојатни фотографии да го стеснат изборот за да ги пронајдат евентуалните победници.
Овогодишниот
победник беше Јасен Тодоров, виолинист и професор по музика на Државниот универзитет во Сан Франциско, чија фотографија прикажува илјадници автомобили од птичја перспектива во пустината Мохаве. Областа е добро позната по тоа што тука се складираат пензионираните летала. Но, многумина не знаат дека огромен дел од земјиштето во близина, е резервирано за повлечени автомобили од употреба, од „Ауди“ до „Фолксваген“ кои мамеле на тестовите за емисии од 2009 до 2015 година.
Погледнете ги останатите победнички фотографии.