22.02.2016
Живот
Горан Михајловски: Има еден тон будалаштини во нашите медиуми
Горан Михајловски беше гостин на Жаре во последната епизода од шоуто Еден на Еден и ни покажа дека тој е интересен пред камерите подеднакво колку што е интересен во неговите колумни. Поранешниот сопственик и уредник на “Вест” на Жаре му откри интересни приказни за создавањето на весникот, откри многу пикантерии за самото работење на истиот, а сподели и навистина неверојатни анегдоти од приватниот живот. Освен Горан Михајловски гостин во Еден на Еден беше и малиот херој Јован кој со својата гитара и голема волја неколку пати свиреше на плоштад за да собере пари во хуманитарна мисија. Целата епизода полна со хумор, забава и интересни информации ќе може да ја погледнете тука: