Тања Кочовска, една од нашите најпрепознатливи актерки, жестока и впечатлива на сцената,
хумористична и доследна на својот имиџ на „ридикуло“ во сите настапи, претстави, интервјуа и
изјави што и го потврди на овогодинешната 19та по ред „Златна бубамара“.
Зад себе има 23 години кариера и многу интернационални награди за својот придонес во
претставите и изведбите на делата креирани во нејзиниот матичен театар, а прикажани на
гостувањата на некои од најголемите меѓународните фестивали.
Вработена е во Театарот за деца и младинци во Скопје од 1994 година и многумина ја паметат по
улогите во Итар Пејо, Волшебникот од Оз, Алиса во земјата на чудата, Пипи долгиот чорап,
Убавицата и ѕверот и многу, многу други.
За музичките и актерските способности на Тања Кочовска (алијас Мама Мортон во најновата
претстава „Чикаго“ во МНТ) се пишува и се говори многу, а нејзината актерска луцидност,
уникатност и печатот што го остава на сцената е она поради што и доби подарок и писмо со
благодарност, во кое меѓу другото пишува:
„Твојот дух нé храни и нé одржува млади.
Твојата енергија да ги покренеш сите и од секојдневна атмосфера да направиш бурлеска е она
што е толку специфично за тебе, толку уникатно, толку ти.
Негувај го својот талент, разгали го и подари му го најдоброто бидејќи ние не очекуваме ништо
помалку од тебе ниту во годините што доаѓаат.
Твоето грло е твојата моќ, користи го како и до сега... да пееш, да засмејуваш, да инспирираш, да
мотивираш, да расположуваш, да ја разигруваш атмосферата и да восхитуваш“
Тања писмото го објави и на својот фејсбук профил.