25.01.2019
Здравје
Септолете Тотал ни открива: Како вкусот на сокот од бозел и лимон не враќа во детството
Во сезоната на настинка и грип најмногу од сè ни е потребна заштита и нешто што ќе ни ги смири симптомите на болеста. За таа цел, Септолете Тотал покрај класичниот вкус на сините пастили чија посебна формула овозможува целосен третман за болки во грлото, создаде вкус кој ќе нè врати во детството преку слаткиот бозел и освежувачкиот лимон. Па така, кога вашето грло е надразнето, отечено или ве боли, вам ви е потребен целосен третман кој истовремено ве лекува, но и ќе ви ја овозможи онаа утешителна нота како кога бевте малечки и за вас се грижеа баба и дедо додека родителите ви беа на работа.
Од тука, тргнавме да размислуваме за моќта на меморијата и сеќавањата на одредена храна или вкус што нè враќаат во детството. Независно од значењето, сеќавањата во врска со храната и вкусовите се јасни и понекогаш се чини тие имаат посилна моќ од другите видови спомени. Сеќавањата за храна се многу сензорни во однос на останатите бидејќи за да ги доживееме ги активираме сите пет сетила, па кога стимулот е толку силно ангажиран, тој ќе има и помоќен ефект. Вие не само што ги користите погледот и вкусот, туку ги активирате сите сетила кои го нудат потенцијалот да се раслои богатството на меморијата за храна.
Дали некогаш сте забележале како вкусот може да ве транспортира низ времето? Храната е поврзана со овие моќни сеќавања и емоции благодарение на информативниот автопат кој ги поврзува хемиските рецептори во устата и носот со делови од мозокот посветен на емоции.
Нашиот нос е преполн со мирисни рецептори - секој со неверојатна способност за прецизно откривање на многу различни комбинации на мириси. Од друга страна, нашата уста има посуптилна задача: да се осигураме дека храната која ја јадеме не е потенцијално отровна. Деликатните нерви на јазикот и устата ги сортираат текстурите на храната, осигурувајќи дека храната е добра за да ја проголтаме.
Тие се толку прецизни што можеме да го почувствуваме чоколадото додека се топи.
Од тука и можеме да го објасниме моќното чувство на вкусовите кои можат да не вратат во раното детство. Со вкусување на само една пастила Септолете Тотал од бозел и лимон можете за момент да го почувствувате спокојството и заштитата која ја имавте како деца во домот на баба и дедо. Сеќавањето на вкусовите ја чувствуваме толку носталгично, бидејќи сето ова е дел од еден контекст кога ја подготвуваме или јадеме оваа храна, па на тој начин таа станува речиси симболична и со сосема друго значење. Многу наши сеќавања како деца, не се толку поврзани на пример со питата од јаболка, туку целото искуство да се биде со семејството, да ја делиме храната со нив па на овој начин контекстот се збогатува и искуството носи со себе многу повеќе, освен сензорен квалитет. Идејата за носталгија е дека бозелот и лимонот не е поврзан само со благиот и освежителен вкус, туку и со баба и нејзиниот топол дом - затоа храната и вкусовите имаат толку силно дејство.