X
 11.03.2016 Образование

Почна реконструкција на блокот А од студентскиот дом "Гоце Делчев"

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик-министерот Спиро Ристовски, денеска го посетија Студентскиот дом „Гоце Делчев”, каде по по целосната реконструкција и опремување на блокот Б, почна и обновата на блокот А, по што ќе следува етапна реконструкција и на преостанатите два блока, за студентите да бидат сместени додека течат градежните зафати.


- Пред неколку дена почна целосната реконструкција на Блок А. Вредноста е околу 1,5 милиони евра. Рокот за изведба е шест месеци. Изготвена е и техничка документација за реновирање односно целосна реконструкција на блоковите В и Г, на мензата и на партерното уредување на овој комплекс, изјави министерот Адеми.

Министерот соопшти и дека е отворен повикот за најавената изградба на два нови студентски дома - „Невена Георгиева-Дуња” во Скопје и студентскиот дом за Државниот универзитет во Тетово. Тие ќе имаат капацитети за 300 и за 350 студенти, а отворањето на документациите е закажано за 19 април.

- Исто така, објавена е и постапка за снабдување на студентските домови со осум нови лифтови, два лифта за домот „Кузман Јосифовски-Питу” во Скопје, по еден лифт за „Никола Карев” во Охрид и за „Гоце Делчев” во Скопје и четири лифтови за домот „Пелагонија” во Скопје. Ќе набавиме и нов мебел за сите студентски домови во Македонија, рече Адеми, додавајќи дека отворањето на тендерската документација ќе биде на 6 април, а планот е до крајот на годинава да бидат опремени сите студентски домови со нови лифтови.

Во студентскиот дом „Гоце Делчев” нови лифтови ќе бидат инсталирани паралелно со етапното реконструирање на блоковите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование