X
 18.03.2016 Образование

Студентите - вајари ја откриваат уметничката страна на бетонот


 
Младите студенти вајари, од Факултетот за Ликовни уметности на Универзитетот (ФЛУ) Св. Кирил и Методиј од Скопје под раководство на професорите Исмет Раиќевиќ и Гоце Наневски, се во напредна фаза на изработка на скулптурите кои се дел од проектот поддржан од Цементарница Усје, во чии рамки се изработуваа скулптури од бетон. На изработка на скулптурите работат студенти од II и IV година на групата Вајарство на ФЛУ.

Се очекува да бидат создадени околу 6 дела, кои ќе бидат претставени на годишната изложба на ФДЛУ, во мај годинава. Потоа, скулптурите ќе се постават во јавен урбан простор, кој дополнително ќе биде определен.



Цементарница УСЈЕ, која минатата година славеше 60 години од постоењето, иницираше соработка со ФЛУ, во рамките на која ги донираше сите материјали за изработка на скулптури, а дополнително го обезбеди факултетот со машини и алатки за редовната работа на студентите од групата Вајарство. Исто така, копанијата ги отвори своите погони и капацитети за студиски посети на професорите и студентите од ФЛУ, на кои уметниците ќе имаат можност темелно да се запознаат со процесот на производство и со спецификите на материјалите кои имаат широка примена во вајарската уметност и кои ќе го користат не само во текот на студирањето, туку и во понатамошниот творечки развој.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование