Американската сојузна држава Њу Џерси можеби ќе воведе затворски казни за сите пешаци кои додека одат по улиците и тротоарите пишуваат пораки на мобилните телефони или „типкаат“ било што на нив.
Оваа мерка била предложена изминатата недела, а доколку биде усвоена како закон, граѓаните кои ќе пишуваат додека одат ќе бидат казнети со суми од 50 долари или со затворски казни до 15 дена.
Било предложено законот да важи за сите пешаци кои се движат по сите јавни пешачки патеки и улици.
Казните биле предложени бидејќи биле објавени статистички податоци кои покажуваат дека во САД бил зголемен бројот на несреќи во кои на пешаците им било одвлечено вниманието за 35% во последните пет години.