X
 05.01.2019 Технологија

„Хуавеи“ казни двајца вработени поради користење на „ајфон“

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ одлучи да казни двајца вработени откако новогодишниот твит на официјалниот профил на „Твитер“  бил објавен од „ајфон“.

Компанијата ги казнила со околу 640 евра месечно, што е прилично висока цена за еден твит.

Чен Лифанг, виш потпретседател и директор на управниот одбор, казната ја оправдал во интерен допис, наведувајќи дека инцидентот ѝ наштетил на компанијата. Во соопштението се наведува дека меѓу двајцата казнени е и директорот за дигитален маркетинг, чија плата ќе биде намалена цела година.

За иронијата да биде уште поголема, грешката се случила поради проблеми со виртуелната приватна мрежа (ВПН), што го приморало вработениот да твита од телефон.

„Твитер“, како и неколку други странски сервиси, е блокиран во Кина, каде интернетот е прилично цензуриран. За да имаат пристап, корисниците користат ВПН конекција.

Иако твитот брзо е поправен, изворната верзија е снимена и споделена на социјалните мрежи, предизвикувајќи подбив.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија