X
 31.03.2016 Образование

Coursera нуди магистерски студии за половина од просечната цена

Факултетските дипломи се привлечни, но тие бараат финансиски средства. Во многу земји низ светот, особено САД, можноста за добивање добра работа доаѓа и со плаќање на студентски заем на подолг период. Токму затоа, „Coursera“ претставува алтернатива за многу студенти, особено за магистерски студии.


Вчера, од компанијата претставија нова програма за анализа и обработка на податоци во соработка со Универзитетот во Илиноис. Програмата комбинира курсеви од највисоко рангираниот технолошки факултет со одлична библиотека за учење концепти како визуелно претставување на податоци, машинско учење итн. Целата програма ќе чини помалку од 20.000 долари, што е половина од школарината за просечните магистерски студии на престижните универзитети ширум САД, но и во другите развиени земји.

Корисниците на „Coursera“ не мора да го купат целиот курс за да имаат придобивки. Се нудат и посебни предавања. Така, корисниците може да одберат дали да учат еден предмет кој ги интересира, повеќе курсеви за сертификат или сите потребни курсеви за да добијат комплетна магистерска програма во областа.

- За разлика од другите магистерски студии, студентите може да ги тестираат водите на оваа диплома со пократка програма за специјализација - пишува во официјалната објава за јавноста.

Програмата моментално е отворена за кандидати. Пријавувањето трае до 16 јуни годинава. Првите 150 студенти ќе започнат со студии во август.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование