X
 09.11.2016 Образование

Зошто онлајн курсевите треба да бидат ваш приоритет?

Во последно време, онлајн курсевите официјално се идните поволно и лесно достапни можности за едукација. Здобивањето со нови вештини и знаења е одлично за збогатување на CV-то. Заради неколку карактеристики онлајн курсевите би требало да се на врвот на листата на вашите приоритети.


1. Евтини се (или бесплатни)

MIT OpenCourseware, edX, OEDb, и Coursera – ова се само неколку примери за одлични онлајн курсеви од најдобрите универзитети и обучувачи, кои се секогаш достапни и нема да ве чинат ништо.

2. Можете да се здобиете со значајни сертификати

Доколку сакате да навлезете во некоја специфична професија, тогаш MicroMasters programs се одлични за вас. Серија на курсеви кои се од голема важност и од кои може да извлечете сертификат, но во овој случај тоа ќе ве чини околу илјада долари. 

3. Локацијата и распоредот се флексибилни

За да ги реализирате онлајн курсевите едниствено што ви треба е компјутер и интернет пристап.

4. Можете да го научите токму она што навистина ви треба

Кога сте на студии на одреден универзитет или училиште ви го добивате како знаење она што е понудено во програмата на образовната установа. Што значи, информациите кои ги добивате се ограничени. Со онлајн курсевите имате можност да ја изберете тематиката која ве интересира и да се стекнете со потребните знаења и вештини и тоа за пократко време.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование