Научниците во САД велат дека ја решиле најголемата мистерија поврзана за миграциите во природата. Се работи за миграцијата на пеперугите монарх, кои мигрираат од Канада до Мексико, а сите одамна се прашуваа како успеваат да патуваат секогаш по истиот пат.
Би-Би-Си пишува дека научниците создале модел со кој покажуваат на кој начин инсектите го користат сонцето за да останат на патеката за нивниот пат долг речиси 5.000 километри. Пеперугите монарх се единствените инсекти кои мигрираат толку голема дистанца.
Водечката истражувачка, проф. Ели Шлизерман, вели: „Пеперугите монарх го завршуваат нивниот пат на толку оптимален и предодреден пат. Тие завршуваат на одредена локација во Централно Мексико по двомесечно летање, заштедувајќи енергија и користејќи само некакви знаци.“
Овој вид пеперуги се сè помалку и се работи на сè за да се зачува во природата.