X
 07.06.2015 Наука

Необично: Пајак кој прави салто

Многупати сме се увериле во можноста на човекот да прави салто. Но ние не сме единствените кои умеат да го направат тоа. 




Во 2008 година во Мароко е пронајден еден вид на пајак кој се движи со помош на „флик-флак“ движење. Латинското име му е цебренус реченберги, а исто така познат е по името мароканскиот флик-флак пајак. Овој пајак се храни исто како и другите видови на пустински пајаци.

Движењето го прави за да избега на непријателите, но и да го намали допирот со врелиот пустински песок. Исто така, на тој начин може да се движи по нерамен терен. Со овој вид на движење тој може да достигне брзина од 2м/с.

Неговото уникатно движење ги инспирирало научниците да создадат робот кој се движи со принцип на вртење. Роботот е долг 25 ценитметри и може да се користи во испитувања на дното на океаните или на Марс.

Погледнете го салтото на пајакот.





Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука