X
 28.04.2016 Живот

Детски бисери: Бабата е дебела затоа што е полна со љубов

Децата се постојан извор на бисери. Токму затоа што се искрени, тие погодуваат право во центар и постојано не` засмејуваат со својата логика и своите бисери.

 

deca


- Кога бебињата се малечки, тие се во стомакот кај нивната мајка и тука никој не може да ги укради.

- Девојчињата не можат да мочкаат стоејќи бидејќи немаат за што да се држат.

- Мојата мајка е многу убава. Се`уште се гледа дека некогаш била млада.

- Јас подоцна ќе се оженам за мама. Не сакам некоја непозната жена.

- На зима кокошките не носат јајце бидејќи дупката низ која јајцето излегува е замрзната.

- Мене не ми е потребен сируп за кашлица. Јас и без него можам да кашлам.

- Еднаш бев толку болна и имав 40 килограми температура.

- Дали и мајките мораат да јадат трева за од градите да им тече млеко?

- Мојата мајка има бебе во стомакот, но не знам како го проголта.

- На мајките не се вика. Тие се корисни.

- Повеќе не се случуваат чуда бидејќи имаме телевизор и компјутер.

- Бебето најдобро се навикнува на своите родители кога мама и тато наизменично го дојат своето бебе.

- Љубовта се случува кога ќе те погоди стрела. Но се` што доаѓа после тоа повеќе не боли.

- Полуостров е остров кој се`уште не е направен.

- Бабата е дебела затоа што е полна со љубов.

- Јас повеќе немам баба. Неа ја посадија на гробишта.

- Мојот дедо на главата е босоног.

- Пред докторот да може да оперира некој, мора прво да го стерилизира.

- Не смее да се убива. Би можел тој да сака да се одмазди па и тој тебе да те убие.

- Полицијата има хеликоптери за ако се случи нешто горе во рајот, да можат да дејствуваат.

- Мојот дедо нема никаква професија. Тој е само дедо.

- Колку човек е постар, толку се поскапи неговите заби.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот