X
 01.05.2016 Технологија

Илон Маск отвора програмерска "теретана" за вештачка интелигенција

„Open AI“ е компанија за вештачка интелигенција зад која стои токму Илон Маск. Се работи за компанија која гради нов вид бесплатна „теретана“ за компјутерски програмери.


Наречена „Open AI Gym“, тоа е отворена јавна алатка за програмери низ целиот свет кои ги учат компјутерските системи на подобри начини да учат и развиваат покомплексни системи за „размислување“.

Во минатото, Маск предупредуваше дека вештачката интелигенција може да биде „најголемата закана за човештвото“ доколку се најде во погрешни раце. Затоа, Маск финансира проект во вредност од 1 милијарда долари за да ја обезбеди иднината на вештачката интелигенција.

Непрофитната алатка е финансирана и од други големи имиња од Силициумската долина, како Питер Тил, Рајд Хофман, Грег Брукмен, Сем Алтман и Џесика Ливигнстон. Во новата „теретана“, програмерите може да ги тренираат своите „ботови“ да се усовршат во работи како стари игри со размислување или да научат подобри начини да играат игри. Програмерите може и да контролираат симулирани роботи, започнувајќи со учењето како да одат.

Таканаречената теретана започнала како клуб за членови. Алатката била развиена за внатрешна употреба во компанијата, но сега се нуди и на јавноста.

Теретаната има и своја соба за разговор и листа со бодови на која ќе бидат прикажани програмерите кои се сетиле на најдобри техники за учење за машините.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија