X
 02.07.2019 Технологија

Алатка со која можете да додавате, бришете и да менувате објекти со еден клик

Во текот на изминатите неколку години софтверот за обработка на фотографии многу напредуваше и се менуваше. Со новите способности на вештачката интелигенција полесно е да се манипулира со фотографиите според вашите потреби. Но, оваа нова вештачка интелигенција направена од страна на истражувачи од МИТ и ИБМ ви овозможува да додавате, едитирате или да отстранувате објекти со само еден клик.

Новата алатка - GAN (Generative Adversarial Network) Paint Studio - ви дозволува да прикачите фотографија и да манипулирате со деталите без да ги уништите оригиналните детали. На пример, ако додадете дрво или трева, поврзаните објекти ќе бидат коригирани за крајната фотографија да изгледа што е можно пореалистична.

Погледнете ја оваа фотографија на која е додадена трева пред зградата.

Антонио Торалба, професор на МИТ, вели дека новата алатка има „јак карактер“ и нема да изврши нешто ако мисли дека тоа нема да се вклопи во сликата.

- Сите апликации ќе ги следат инструкциите на корисникот, но нашата може да одлучи да не нацрта нешто ако корисникот сака да го нацрта на невозможна локација. Ова е алатка со силен карактер - вели тој.

Истражувачите првин ја тестирале алатката преку отстранување одредени објекти и набљудување на тоа какво е влијанието врз околината на отстранетиот објект. Тие ги искористиле овие податоци за да го истренираат алгоритамот за да направат реалистични модификации кога еден објект се додава или отстранува.

Тимот е свесен дека алатката би можела да се користи за манипулации, но се верува дека таа ќе им помогне на истражувачите да сфатат какви видови грешки прави вештачката интелигенција.

Тука можете да ја испробате новата алатка.

Фото: Credit: MIT CSAIL
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија