Здружението „Интеракција плус“ од денеска до 5 јуни почнува нова голема акција и кампања
која ќе се реализира под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми“. Тим од
логопеди и дефектолози секојдневно ќе вршат бесплатни прегледи на децата кои имаат
говорни нарушувања, потешкотии и проблеми, но и консултации со нивните родители и
закажувања на неопходните вежби и третмани.
- Пристапот и третманот е исклучиво индивидуален. Целта е на време да им се помогне на
секое дете посебно и да има помалку број деца со говорни проблеми - велат од Здружението.
Прегледите и третманите ќе ги вршат дипломирани логопеди и дефектолози во Логопедско-
дефектолошкиот центар „Интеракција плус“ кај Универзалната сала во Скопје.
Повеќе информации, закажувања и контакти граѓаните можат да се јавуваат кај
дипломираниот логопед и дефектолог Ана Петреска, тел. (078)245484 и (071) 973362 и на
имејл адресата ana_petreska@live.com