Се чини дека луѓето ги истражиле речиси сите места на Земјата, но сепак постојат некои локации кои научници никогаш не започнале да ги истражуваат. Едно од таквите места е регионот наречен Данакилска депресија во Африка.
Депресијата се карактеризира со токсични езерца богати со сулфур и хлор и температура блиска до точката на вриење. Се работи за непривлечен регион, полн со непријатни мириси кои го отежнуваат дишењето и ги повредуваат очите. Меѓутоа, тоа е место кое би ни понудило одличен увид за тоа дали може да постои животот и надвор од Земјата.
Научниците за првпат ги посетиле наведените извори пред еден месец. Имено, од 5 до 7 април, тим под водство на Фелипе Гомез од шпанскиот Центар за астробиологија, на неколку локации во подрачјето спровеле низа мерења и собрале примероци за дополнителна лабораториска анализа. Тоа била првата експедиција во низата кои се планирани.
Истраживањето треба да ја открие тајната која ја кријат врелите извори во Данакилската депресија. Ова место е опасно, со температура од 42 степени во текот на денот, а 30 во текот на ноќта. Сите микроорганизми кои живеат овде се прилагодени на живот во екстремни услови, а со тоа и се предмет на интерес на астробиолозите.