Изминатата недела ги прашавме идните студенти: Каде планираат да се запишат на студии? 537 матуранти одговорија на анкетата.
Од нив, 67% изјавиле дека планираат да се запишат на државен универзитет во земјава. Дури 24,4% од испитаниците планираат да студираат во странство. 6,5% од нив планираат да се запишат на приватен универзитет, а останатите 2% планираат да го продолжат образованието на висока школа.
Кога станува збор за студирањето надвор од земјата, најпопуларни земји се Германија, Словенија и САД. Освен овие земји, идните студенти наведуваат и уште 20 други потенцијални земји за студирање каде планираат да го продолжат образованието.
Следува листа од земјите кои се најпопуларни за идните студенти во Македонија.
1. Германија
2. Словенија
3. САД
4. Бугарија
5. Велика Британија
6. Франција
7. Австрија
8. Холандија
9. Италија
10. Шпанија
11. Австралија
12. Русија
13. Србија
14. Шведска
15. Норвешка
16. Данска
17. Кина
18. Романија
19. Чешка
20. Канада
21. Нов Зеланд
22. Турција
23. Унгарија.
Друга анкета за идни студенти која беше спроведена порано годинава открива дека дури 27% од матурантите кои сакаат да го продолжат образованието сакаат да студираат затоа што со диплома ќе имаат подобри можности за странство.