X
 31.08.2018 Култура

Заврши анкетата за зимското сметање на времето, еве ги резултатите



Повеќе од 80% од Европејците што учествуваа во анкетата преку интернет сакаат да се укине поместувањето на часовникот напролет и наесен, објави во средата германскиот весник „Вестфаленпост“.


Часовник на работна маса
(Фото: Pixabay)


Анкетата што ја финансира Европската комисија траеше од јуни до средината на август и на неа одговорија рекордни 4,6 милиони луѓе.

Од оние што посакуваат укинување на поместувањето на часовникот, мнозинството сака часовниците да се префрлат на летно сметање на времето, односно два часа нанапред во однос на времето по Гринич, пишува весникот.

Портпаролот на Комисијата изјави дека ќе им треба време да се анализираат резултатите и дека потоа ќе се обратат пред јавноста.

Претходно од Комисијата изјавија дека штом заврши анкетата, ќе имаат резултати во „рок од неколку недели“.

Иако гласањето не беше задолжително, анкетата ќе биде основа за одлучување дали ќе се менува постојниот закон во врска со ова прашање. Во тој случај, каква било промена ќе мора да биде одобрена од Европскиот парламент и земјите-членки на Унијата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура