X
 24.05.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена



Во Македонија ова утро во североисточните, источните, југоисточните како и во крајните западни предели преовладува претежно облачно време поради што има и повисоки утрински температури. Оваа облачност во претпладневните часови ќе се намалува. А во северните, централните и југоисточните предели имаме претежно сончево време со локална облачност.

Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне во крајните западните, како и североисточните и источните предели ќе постојат услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен југозападен и западен ветер, кој во западните предели ќе достигнува брзина и до 50 км/ч. Утринските температури во благ пораст и ќе се движат од 6 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 18 до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен засилен југозападен ветер. Утринската температура од 13 степени а максималната дневна температура ќе достигне до 24 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Македонија во среда по свежото утро, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди, а во североисточните и истичните предели со услови за слаб дожд. Максималните температури од 14 до 25 степени. Во периодот од четврток со сабота во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и се потопло и со пораст на дневните температури но ќе биде и доста ветровито. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер. Во четвртот дневните температури од 18 до 28 степени, во петок од 20 до 29 степени, а во сабота максималните температури ќе се движат од 21 до 30 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот