Двајца американски тинејџери, Кевин Нгејн и Ти Џеј Кајатан, изведоа еден забавен експеримент во Музејот за современи уметности во Сан Франциско.
Овие две момчиња одлучиле да видат што ќе се случи кога ќе ги постават очилата на нивниот другар на подот на Музејот.
„Бевме на изложба и она што го видовме воопшто не ни се допадна, а и некои работи воопшто не ни беа јасни како на пример плишани животни поставени на сиво ќебе. Се прашувавме дали навистина луѓето мислат дека тоа е импресивно“, изјави Кајатан, па затоа тие одлучиле да видат дали ќе се постигне истиот ефект со очилата.
Тој избрал место под еден официјален документ во музејот и се повлекол со пријателот во аголот на просторијата. Се случило токму тоа што го очекувале - луѓето започнале да се собираат околу очилата и да ги гледаат како дел од изложбата. Ги фотографирале, дискутирале и ги анализирале додека децата од страна набљудувале. На крај Кајатан ги сликал и фотографијата ја објавил на Фејсбук.
Моментот кога неговиот другар требало да оди и да си ги земе очилата назад, со оглед на тоа што околу нив имало голем број на луѓе.