Денес е четврток, 9 јуни 2016 година, 161-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:10 часот. Денот ќе трае 15 часа и 16 минути.
Претежно сончево и свежо утро имаме денеска во Македонија, со утрински температури кои се пониски од вообичаените за овој период од годината. Само понекаде во западните предели има зголемена облачност, но очекуваме и таму разведрување.
МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во четврток во утринските и во раните претпладневни часови ќе биде претежно сончево со локална облачност. Околу пладне прво во западните, а потоа и во останатите предели зголемување на облачноста која во попладневните часови ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите од дожд ќе изостанат во Гевгелиско-Валандовскиот регион, како и во регионите на Неготино, Градско, Свети Николе, Штип и во североисточните предели. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 6 до 15 степени, додека пак максималните дневни до 18 односно до 28 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево, попладне наоблачување и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 26 степени. УВ индекс 8.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и североисточните предели. Температурите од 20 до 30 степени. Во деновите од викендот односно во сабота и недела претежно сончево со локална облачност и топло. Во сабота максималните температури од 23 до 33 степени, а во недела од 24 до 34 степени.
Во понеделник претпладне претежно сончево, попладне со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици и температури од 21 до 31 степен.
Weather4all.com.mk