X
 19.05.2016 Живот

Временска прогноза: Од понеделник стабилизација на времето



Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и малку потопло од вчера. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Попладне југоисточните и источните предели услови за развој на нестабилна облачност која ќе донесе локални врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури од 1 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје во четврток претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен слаб јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 24 степени. УВ индекс 8.

Во Македонија во петок претпладне умерено облачно со услови за слаби сончеви периоди, попладне нестабилно со интензивни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат над 30 литри дожд. Во текот на ноќта петок кон сабота обилните врнежи ќе продолжат во западните предели каде се очекуваат нови над 30 литри. Максималните температури од 13 до 22 степени. Во сабота претежно облачно со слаби врнежи од дожд и дневни температури од 11 до 19 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди, локално во југозападните и јужните предели со услови за локални врнежи. Максималните температури од 16 до 24 степени. Во понеделник стабилизација на времето, претежно сончево и топло со пораст на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 21 до 29 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот