X
 13.06.2016 Живот

Наградени 15 семејства со Лакалут производи


Петнаесет македонски семејства добија пакет годишна залиха производи од линијата „Лакалут“ во рамки на наградниот натпревар „Куфер полн здрави насмевки“.

Компанијата Натусана, во изминативе два месеца, го организираше овој натпревар за да ја поттикне креативноста кај децата. Во рамки на кампањата тие собираа две различни куферчиња (држачи за четки за заби) кои ги набавуваа со купување на Лакалут кидс, паста за заби од 4 до 8 години.

„Со оваа кампања се обидовме, но и успеавме, дополнително да ја развиеме креативноста кај децата. Добивме одлични фотографии и креативни идеи, што навистина беше можност да се одберат 15-те среќни добитници. Се разбира, како компанија, ќе продолжиме да ја поттикнуваме креативноста кај луѓето затоа што, на тој начин, ќе можат да се справуваат со одредени предизвици во животот“, вели Александар Донев, генерален менаџер на Натусана.

Децата ги користеа овие куферчиња создавајќи цртежи или фотографии со кои покажуваат како ги чуваат своите четкички за заби, како го поминуваат секојдневието или друга креативна идеја. Освен фотографија, тие требаше да дадат краток опис или да напишат убава креативна мисла.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот