Натусана Македонија, компанијата-партнер на врвните германски брендови Лакалут, Доктор Тајс, Алгасан и Pharmateiss Cosmetics, лансира своја онлајн-продавница преку која овие познати брендови може да стигнат до македонските домови со само еден клик на
zdravanavika.mk.
Следејќи ги трендовите во купувањето и растечкиот интерес кај македонските потрошувачи за онлајн-нарачки, ова беше логичен чекор во развојот на дистрибутивните канали на Натусана, па по тој повод Васко Русевски, одговорниот за маркетинг и комуникации, вели:
„Сметаме дека сега е вистинското време да го направиме овој чекор. Натусана оваа година бележи јубилеј – 15 години на македонскиот пазар, период во кој континуирано растеше нашата понуда на производи со врвен германски квалитет, а големиот интерес на потрошувачите за нашите производи, како пастите и четките за орална хигиена
Лакалут, геловите и кремовите за нега на мускули, зглобови и стапала
Алгасан, производите на
Доктор Тајс, како што се сирупите и пастилите мукоплант и мултивитамол, како и козметиката
Pharmateiss, беше сигнал да ги приближиме производите уште поблиску до купувачите“.
Zdravanavika.mk е онлајн-локацијата на која брзо, лесно и едноставно можете да направите нарачка на производите и каде што наскоро многу поволности и попусти ќе ги очекуваат потрошувачите, како и специјално подготвени пакет-производи достапни за различни категории потрошувачи, што ќе бидат достапни за купување само онлајн.
За секоја нарачка над 950 денари, доставата е бесплатна низ цела Македонија.
(Комерцијална објава)