„Huawei“ го претстави на пазарот „P9 lite“, атрактивната и значително
подостапна верзија на нивниот flagship модел, телефонот „P9“.
Овој респектабилен бренд, веќе претходно ги претстави своите два нови
модели „P9“ и „P9 Plus“ со чипсет Kirin 955. Иако има додавка „lite“, новиот „P9
lite“ има ист дисплеј од 5,2 инча, 1.080 p (Full HD) како стандардниот модел
„P9“. Меѓутоа, моделот „lite“ содржи осумјадрен чипсет Kirin 650.
Чипсетот е поддржан од 2 GB RAM, а тука е и просторот од 16 GB на
внатрешната меморија, секако, со можност таа да се зголеми ако додадеме
картичка „MicroSD“.
Во делот на камерата, овој модел не е импресивен како поскапата верзија „P9“.
„P9 lite“ има една камера од 13 MP на задниот дел, како и камера „селфи“ од 8
MP на предниот дел. И двете не се за потценување и се дел од далеку поскапи
мобилни апарати од моделот на „Huawei P9 lite“.
На задната страна под делот за камерата стои и сензор за отпечаток на прсти,
а тука е и батеријата од 3.000 mAh, поддршка од LTE Cat.6 и други модерни
функционални конекциски карактеристики. Ја користи последната генерација
на софтверот „Android OS (6.0)“.
За крај, од „Huawei“ очекуваме, со оваа верзија „lite“ на моделот „P9“ да го
потврди она што го направи претходно со моделот „Huawei P8“, односно со „P8
lite“, кој се продаде во над 11 милиони примероци веднаш по неговото
објавување во Лондон во 2015 година.
Со „P9 lite“, „Huawei“ ни донесе свежина и врвен дизајн во мобилната
индустрија, а, освен тоа, ги обедини квалитетот, иновациите и конкурентната
цена во едно!
Телефонот веќе го има во продажба во салоните на Македонски Телеком по
одлична цена.