Името на третиот најголем произведувач на мобилни телефони го изговараме онака како што се пишува. Меѓутоа, тоа е далеку од она како името звучи во оригинал.
Истата логика ја користат и другите народи во светот, па брендот „Huawei“ го прилагодуваат на својот јазик и го изговараат онака како што мислат дека треба.
Кинеската компанија решила да ги информира потрошувачите и да ги запознае со својот бренд така што на Тајм сквер испратиле човек кој ќе прави анкета со едно прашање – како се изговара „
Huawei“. Точниот одговор дознајте го во видеото.