X
 16.06.2016 Живот

Можност да освоите бесплатни карти за финалето на ЕУРО 2016

Националните федерации што ќе учествуваат на Европското фудбалско првенство во Франција, ЕУРО 2016, ќе поделат 301 милион евра, за секоја од 24-те репрезентации што обезбедија пласман на ЕП. За учеството секоја репрезентација ќе заработи 8 милиони евра, како и 1 милион евра дополнителна мотивација за секоја победа, а за нерешен резултат секоја селекција освојува по 500.000 евра.

 

Пласманот во осминафиналето ќе биде награден со дополнителни 1,5 милион евра, влегувањето во четврт-финалето со 2,5 милиони евра. а полуфиналистите ќе заработат по 4 милиони евра. Победникот покрај титулата европски шампион, дополнително ќе заработи 8 милиони евра.

 

Фудбалот е спорт, но многу повеќе е комплетна забава. Заслужените награди се голема радост за сите, затоа Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, во спортски, фудбалски дух организираат натпревар придружен со многу забава и наградувања. „Шут, гол, Сити мол!“ е натпревар во лесни фудбалски вештини, каде што се поканети да учествуваат сите што се расположени за забава и за награди.

 

Победникот на натпреварот „Шут, гол, Сити мол!“ ќе добие патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција и ќе ужива во највозбудливото спортско случување на денешницата. Другите учесници на овој натпревар ќе имаат можност да освојат многу официјални награди, кои ќе ја дополнат фудбалската забава.

 

Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, со натпреварот „Шут, гол, Сити мол!“ сакаат да ја споделат страста кон фудбалот со своите лојални потрошувачи и да ги охрабрат младите што повеќе да го практикуваат фудбалот како спорт што обединува и креира позитивни вредности.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот