Сè е во знакот на фудбалското првенство. Плоштадот „Македонија“ е претворен во огромен фудбалски „терен“, каде што ќе може да се следи преносот од ЕУРО 2016 од Франција, директно на најголемиот екран во Македонија.
Почнувајќи од 19 часот и 30 минути можете да се сместите во удобните софи или да се обидете да освоите награда во некоја од игрите, сè до 21.00 часот, кога започнува полуфиналето на ЕУРО 2016.
Македонски Телеком со задоволство ги поканува сите граѓани на најголемото заедничко гледање на полуфиналните натпревари и финалeто на ЕУРО 2016 на плоштадот „Македонија“, заедно со Дарко Панчев и Сашко Коцев, со специјална програма и со многу изненадувања.