X
 18.06.2016 Забава

Можете ли да ја решите задачата која го подели интернетот?

Оваа загатка го освои интернетот оваа недела. Се работи за математичка задача со три збирови од цветови, кои ги заменуваат броевите.


Задачата се состои од три проблеми во кои црвените, сините и жолтите цветови прават збир, додека четвртиот проблем покажува различна комбинација без одговор.

Некои корисници кои се обиделе да го пронајдат решението се сигурни дека одговорот е 102 или 110, додека други мислат дека е 25 или 27.

Еден наставник по математика тврди дека задачата не може да се реши. Според него, очигледно е да се бројат ливчињата од цветовите наместо цветовите, но ова е погрешно. Ова погрешно сметање ги носи луѓето до резултат од 25, но тој смета дека равенките не се слики од ливчиња од цветови туку од цели цветови.

Што мислите вие?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава