Прељуба. Торта. 'Рчење. Наскоро, овие би можеле да бидат зборови со кои ќе се лоцираат најпознатите споменици во Македонија наместо традиционалните улични адреси, доколку една британска компанија успее во својата цел.
Имено, една стартап-компанија, „What3Words“ од нас бара да заборавиме се' што знаеме за мапите и да ги смениме имињата на сите места на Земјата за да станеме атлас со разни зборови. Компанијата тврди дека со ова, четири милијарди луѓе низ светот ќе добијат нешто што немале досега - адреса.
Има луѓе кои се согласуваат со компанијата. Монголија веќе изјавила дека ќе стане првата земја која ќе го примени новиот метод. Монголската пошта ќе започне да го користи новиот метод веќе од следната недела.
Монголија е една од најретко населените земји во светот и речиси една четвртина од населението се номади. Моментално, во оваа земја има многу безимени улици, со што навигацијата станува проблематична.
Како функционира системот?
Се работи за универзален систем основан на координати од 3м х 3м. Во светот има 57 трилиони квадрати со овие димензии и секој од квадратите добива уникатна адреса со три зборови.
Организации како Обединетите Нации и други компании веќе го користат системот. На официјалната интернет-страница на компанијата пишува дека јазикот на системот има 25.000-40.000 зборови, кои поминуваат низ многу просеци пред да бидат ставени во алгоритмот. Навредливите зборови и хомофоните биле отстранети.
Идејата се родила од фрустрација, кога извршниот директор на компанијата, Крис Шелдрик, се уморил барајќи места без адреси.
„Адресите биле со нас со децении и децении, но тие биле измислени за распределба на поштата. Во 2016, не треба да ги користиме овие нејасни, неточни текстуални референци. Постои лесен начин за ова“, изјавил Шелдрик за „FastCodeDesign“.
Алгоритмот може да биде
инсталиран на повеќето телефони како апликација која функционира во „Google maps“, каде што ги покрива адресите си новите имиња.
Моментално, компанијата претставила системи на девет јазици, меѓу кои и шпански, португалски, руски и германски.