X
 03.08.2016 Живот

Како Американците решаваат тест по географија?

Како Американците решаваат тест по географија кој од нив бара да ги сместат европските земји на картата? Нивните одговори станаа хит на интернет и на социјалните мрежи.

 

географија


Кога ќе ги погледнете нивните решенија имате впечаток дека се' што погодиле, го погодиле сосема случајно. Воглавно знаат каде се наоѓа Велика Британија, Франција и Шпанија.

Русија ја мешаат со некогашен СССР, но барем знаат дека таму е студено. Има и такви кои Блискиот исток и Русија ги поврзуваат со познатиот филмски лик Борат.

Балканските земји за нив се вистинска енигма па одговорите се движат од тоа дека немаат поим до тоа дека тоа има војна. Бидејќи сликата вреди повеќе од илјада зборови, самите проценете колкаво е нивното знаење, односно незнаење.

 

Линк до галеријата
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот