Бековиот идникатор на депресија, од книгата на Д-р Семјуел Фајфер се состои од тврдења распоредени во групи.
Внимателно прочитајте го секое тврдење, а потоа во секое од нив изберете го тврдењето кое најдобро опишува како сте се чувствувале оваа недела, вклучувајќи го и денешниот ден. Запишувајте ги буквите под кои се наоѓаат тврдењата и бројот на поените. На крајот соберете ги поените и дознајте што секоја групација зборува за вашата евентуална депресија.
А
0 Не се чувствувам тажно
1 Се чувствувам тажно
2 Се чувствувам тажно постојано и чувството не поминува
3 Толку се чувствувам тажно и несреќно што повеќе не можам да поднесам
B
0 Не сум посебно охрабрен/а во врска со иднината
1 Обесхрабрен/а сум во врска со иднината
2 Чувствувам дека нема за што да се радувам
3 Чувствувам дека иднината е безнадежна и работите не можат да се поправат
С
0 Чувствувам дека сум неуспешна личност
1 Чувствувам дека сум понеуспешна од просечната личност
2 Кога го гледам сопствениот живот наназад, гледам само неуспех
3 Се чувствувам како целосен неуспех
D
0 Некои работи и понатаму ми претставуваат задоволство како и претходно
1 Не уживам повеќе во некои работи како претходно
2 Повеќе ништо не ми прави задоволство
3 Ништо не може да ми направи задоволство и се` ми е досадно
E
0 Не чувствувам дека сум посебно виновен/на
1 Добар дел од времето се чувствувам виновен/а
2 Поголемиот дел од времето се чувствувам виновен/а
3 Постојано се чувствувам виновен/а
F
0 Не мислам дека сум казнет/а
1 Чувствувам дека можеби сум казнет/а
2 Очекувам да бидам казнет/а
3 Чувствувам дека ова ми е казна
G
0 Не сум разочаран/а од себеси
1 Разочаран/а сум од себеси
2 Си се гадам самиот/самата себеси
3 Се мразам себеси
H
0 Не се чувствувам полошо од другите
1 Критичен/на сум кон себеси поради своите слабости и грешки
2 Постојано се обвинувам поради моите грешки
3 Се обвинувам за се` лошо што ќе се случи
I
0 Воопшто не размислувам за самоубиство
1 Помислувам на самоубиство, но не би го направил/а
2 Би сакал/а да се самоубијам
3 Би се самоубил/а доколку имам можност
J
0 Не плачам повеќе од обично
1 Сега плачам повеќе од порано
2 Постојано плачам
3 Порано можев да плачам, но сега повеќе не, дури и кога сакам
К
0 Се лутам повеќе од порано
1 Полесно се лутам од порано
2 Сега постојано се лутам
3 Повеќе работите не ме лутат
L
0 Не изгубив интерес за саканите луѓе
1 Другите луѓе помалку ме интересираат од порано
2 Воглавно изгубив интерес за другите луѓе
3 Изгубив секаков интерес за другите луѓе
M
0 Одлуките ги донесувам исто добро како и порано
1 Го одложувам донесувањето на одлуките
2 Потешко донесувам одлуки
3 Воопшто не можам да одлучам
N
0 Не мислам дека изгледам полошо од порано
1 Се плашам дека изгледам старо и непосакувано
2 Чувствувам дека во мојот изглед се случија промени кои ме прават непривлечен/на
3 Мислам дека изгледам грдо
О
0 Можам да работам исто добро како и порано
1 Морам да вложам дополнителен напор за да почнам нешто да работам
2 Тешко себеси се терам нешто да работам
3 Воопшто не можам да работа
P
0 Спијам добро како и обично
1 Не спијам добро како претходно
2 Се будам еден или два часа порано и тешко ми е повторно да заспијам
3 Се будам неколку часа порано и повеќе не можам да заспијам
Q
0 Не се уморувам повеќе од обично
1 Полесно се уморувам од порано
2 Ако правам било што, се уморувам
3 Преуморено се чувствувам за да работам нешто
R
0 Немам послаб апетит
1 Немам повеќе добар апетит како порано
2 Апетитот ми е многу послаб
3 Воопшто немам апетит
S
0 Не сум ослабен/а многу, можеби и воопшто не сум
1 Изгубив повеќе од 2 килограми
2 Изгубив повеќе од 5 килограми
3 Изгубив повеќе од 7 килограми
Т
0 здравјето не ме загрижува повеќе од вообичаено
1 Се грижам поради физичките пречки како што се болките
2 Доста сум зарижен/а за здравствените проблеми и тешко ми е да размислувам за други работи
3 Премногу сум загрижен/а за здравствените проблеми што повеќе немам за што друго да размислувам
U
0 Во последно време не сум забележал дека интересот за сексот ми се променил
1 Сексот помалку ме интересира од порано
2 Изгубив интерес за сексот
3 Целосно изгубив интерес за сексот
Резултати
Соберете ги броевите на вашите одговори. Вкупно поени се 63.
Тежината на депресијата според бодовите:
Нема депресија -
11
Блага депресија -
од 12 до 19
Умерена депресија -
од 20 до 26
Тешка депресија -
над 26 поени.
Следниот дијаграм ќе ви помогне полесно да ги класифицирате и вреднувате вашите симптоми, бидејќи објаснува на што се однесува секое прашање на кое сте одговарале.
A - Пореметување во расположението
В - Губење надеж
С - Чувство на отфрленост
D - Неспособност за уживање
Е - Чувство на вина
F - Потреба за казна
G - Омраза кон себеси
H - Самоoсудување
I - Склоност кон самоубиство
Ј - Плачење
К - Раздразливост
L - Пореметување во односот со другите луѓе
M - Неодлучност
N - Негативна слика за себеси
О - Неспособност за работа
Р - Пореметување на сонот
Q - Умор
R - Недостаток на апетит
Ѕ - Слабеење
Т - Хипохондрија
U - Губење на либидото