X
 27.08.2016 Технологија

Како бесплатно да симнете видео од Youtube?

Youtube


Дали е легално да симнувате видеа од Youtube? Сè додека ги користите за сопствена offline употреба, немате проблем со нарушувањето на авторските права, иако пожелно е да се воздржите.

Ако веќе морате да симнете некое видео, исклучиво за лична offline употреба, во продолжение ви го споделуваме бесплатниот начин на кој можете да го сторите тоа:

Помошни сајтови

За да избегнете симнување на сајтови за посредување при симнување, постои можност преку помошни сајтови директно да си симнете видеа, со можност за конверзија во посакуван формат. Вакви сајтови се: VDYoutube.com, Save-Video.com, Save-From.net итн. Недостатокот е што симнувањето може да потрае, во зависност од големината и квалитетот на видеото. Сè што треба да направите е да ја ископирате URL адресата од видеото во соодветниот простор на помошниот сајт.





Екстензии за пребарувачи (Browser extensions)

Ви скратуваат неколку чекори.

FastestTube
Бесплатно за Opera, Chrome, Mozilla, Internet Explorer, Safari. Оваа алатка е достапна за сите пребарувачи, дури и за Chrome, бидејќи ги заобиколува рестрикциите на Google Web Store за Youtube видеа.

Fastest Tube



Можности за симнување преку мобилен телефон

За Android ОС - WonTube's Free YouTube Downloader. Може да ви побара да активирате Unknown sources во поставките за заштита (security settings).

За iOS – единствен заобиколен начин за симнување е возможен преку Documents 5, при што преку помошен сајт ќе симнете видео и ќе го ставите во фолдерот за симнати фајлови во рамки на апликацијата, а оттаму ќе го префрлите (drag and drop) во фолдерот Photos.





Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија