Свети Кристофер и Невис е дел од Карипските Острови Мали Антили и е една од најпопуларните дестинации меѓу богатите. Во оваа земја постојано е лето, па посетителите можат да се бањаат преку цела година.
Оваа земја прва во светот понудила можност за легално купување пасош. Поточно, во 1984 година земјата воведе Имиграциска инвестициска програма што им овозможува на моќните поединци да добијат уште едно државјанство (и пасош), а за возврат од нив се бара да вложуваат во домашната економија.
Државјанство можете да добиете на два начина - ако донирате пари во Фондот за одржлив развој или ако вложите во изградба на недвижности на островот. Во првиот случај подносителот на барањето мора да уплати 150.000 американски долари во Фондот, односно дополнителни 45.000 долари ако државјанството сака да го префрли и на брачниот другар и на две деца.
Фото: Getty Images
Во другиот случај треба да се вложат од 200.000 до 400.000 американски долари во недвижност, и уште 45.000 долари за административни трошоци. Освен тоа, треба да се уплатат уште 25.000 долари за итна постапка за да добиете пасош во рок од 60 дена од поднесувањето на пријавата.
Не само што со пасошот од Свети Кристофер и Невис ќе имате слободен пристап до 151 земја во светот без потреба од виза, туку и многубројни даночни бенефиции што се главната причина за започнување на целиот процес.
Фото: Getty Images
Поттикнувањето на локалната економија на овој начин во меѓувреме беше прифатено од неколку други земји - од Обединетото Кралство преку Малта и Кипар до Холандија - преку програмата наречена „
Државјанство преку инвестиции“. Но, процесот на добивање пасош во овие земји е многу подолг и посложен отколку оној на Свети Кристофер и Невис.