Кина строго забранува: филмови, емисии и програми кои промовирале вулгарни вредности, како на пример стекнување слава и пари преку ноќ.
Кинескиот медиумски регулатор одлучил да стави крај на промовирање на начин на живот типичен за запад. Се мисли на ставање на пиедестал на селебрити, милијардери, афери и слично.
Во иднина строго ќе биле забранети филмови, емисии и програми кои промовираат стекнување пари и слава преку ноќ, воздигнување на богаташи и хедонизам.
Не се препорачува ниту правење на шоуа и филмови во кои класични дела од кинеската литература се прикажуваат на сатиричен начин или се охрабрува декадентно однесување.
На оние кои нема да се придржуваат до моралните начела, ќе им бидат одземени лиценците за емитување, бележи
Гардијан.
Што се препорачува? Во филмовите и ТВ емисиите „да доминираат главни идеологии и позитивна енергија“.