X
 17.01.2019 Наука

Кинезите ќе испраќаат вселенско летало на Марс

Кина по успешната мисија на темната страна на Месечината планира следната година да испрати вселенско летало на Марс.

Кинеската вселенска агенција (ЦНСА) најави дека ќе испратат летало на Марс во 2020 година, чија задача ќе биде да испита дали е возможно да се испрати човечки екипаж на Црвената Планета.

– Успешно завршената мисија на Месечината значи пресврт во истражувањето на Вселената од страна на кинеските експерти - изјави директорот на ЦНСА, Ву Јанху.

Леталата „Џејд Рабит 2“ (Jade Rabbit 2) и „Чанг Е-4“ (Chang E-4) се првите летала кои се спуштиле на темната страна на Месечината. Сондата „Чанг Е-4“ го доби името по кинеска божица, која живеела на Месечината илјадници години.

Првата вселенска мисија на Кина заврши неуспешно во 2012 година кога леталото што носеше сонда се распадна откако не успеа да влезе во орбитата на Земјата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука