Кога Роналд Реган станал претседател на својот 70-ти роденден, многумина го сметаа за симбол на сила во неговите години.
Во 1994 година на Роналд му бил дијагностицирана Алцхајмерова болест, а неговата одлука да ја сподели болеста со американската јавност била со цел да ја подигне свеста на народот за оваа болест. Затоа, тој испратил отворено писмо до јавноста во кое ја објаснил неговата болест.
„5 ноември, 1994 година
Мои сограѓани Американци,
Неодамна ми кажаа дека сум еден од милионите Американци погодени од Алцхајмеровата болест.
Откако ја дознавме веста, Ненси и јас моравме да одлучиме дали како приватни индивидуи ќе ја задржиме оваа информација за себе или ќе ги споделиме вестите.
Во минатото Ненси се соочи со рак на дојката, а и јас имав операција од рак. И двајцата откривме дека преку отворените обелоденувања имавме можност да ја подигнеме свеста на јавноста. Бевме среќни дека како резултат на тоа, повеќе луѓе отидоа да се тестираат.
Со тоа тие имаа можност да се третирани во рана фаза и да имаат нормален, здрав живот.
Сега, сметаме дека е важно ова да го споделиме со вас. Со отворање на нашите срца, се надеваме дека ќе промовираме поголема свест за оваа состојба. Можеби ќе охрабриме појасно разбирање за поединците и семејствата кои се засегнати од оваа болест.
Во моментот се чувствувам добро. Имам намера да го живеам остатокот од годините кои Бог ми ги даде на оваа земја, правејќи ги работите што сум ги правел секогаш. Ќе продолжам да го споделувам животното патување со мојата сакана Ненси и со моето семејство. Планирам да уживам во природата и да останам во контакт со моите пријатели и оние кои ме поддржуваат.
За жал, со напредувањето на
Алцхајмеровата болест, семејството често пати го носи тешкото бреме. Би сакал да постоеше некој начин да се поштеди Ненси од ова болно искуство. КОга ќе дојде време, јас сум убеден дека со вашата помош таа ќе се соочи со вера и храброст.
За крај, дозволете да ви се заблагодарам што ми дадовте голема чест и ми дозволивте да ви служам како претседател. Кога Бог ќе ме повика дома, кога и да е тоа, ќе заминам со најголема љубов за оваа наша земја како и вечен оптимизам за нејзината иднина.
Сега го започнувам патувањето кое ќе ме доведе до залезот на мојот живот. Знам дека за Америка секогаш ќе постои светла зора.
Ви благодарам мои пријатели. Нека Бог секогаш ве благословува.
Со почит,
Роналд Реган“