X
 07.09.2016 Образование

Родители, послушајте

Врвни образовни совети за секој родител кој сака неговото дете да учи и да го истражува светот околу себе од Џули Лајтли, сопственик на The Village Nursery во Манчестер.

Деца сликаат по платно

- Зборувајте со своето дете. Тоа уште од раѓање е спремно за комуникација и градење врски. Забавувајте се со рими, песнички и приказни.

- Вреднувајте го она што го зборуваат вашите деца. Внимателен и чувствителен родител ги поттикнува децата да комуницираат, допуштајќи им да знаат дека она што тие го кажуваат мислат и чувствуваат е важно. Комуникацијата е важна вештина што не може да се развива во изолација. Запомнете дека со она што го зборувате и начинот на кој тоа го кажувате, индиректно го учите детето како да комуницира со луѓето.

- Не трошете многу пари на “образовни“ играчки. Цртање, боење, сложувалки, книги, песок и вода - се тоа е основа за детето да стекне искуства, а останатото ќе го направи нивната имагинација.

- Излезете надвор! Така се поттикнува физичкиот развој и емоционалната благостостојба кај детето и се стимулира љубопитноста и склоноста кон учење. Пуштете го детето да се извалка, дозволете му слободно да истражува без да мисли дали уништило скапо парче облека.

- Гответе заедно, затоа што така се учат многу работи. Од разговор за тоа колку состојки се потребни, до тоа каква смеса треба да излезе, се учат многу работи, како на пример бројки, плус се забавувате со вашето дете.

- Читајте заедно и доловете му ги на детето омилените приказни преку интересни гласови.

- Ограничете го времето за гледање телевизија. Има одлични програми за деца, но детето нека не седи пред ТВ подолго од еден час.

- Вклучете ги татковците, дедовците, чичковците во неговиот живот. Тие нудат многу различни искуства во животот на детето.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование